Дуелот меѓу Бергишер и Вецлар е прекинат по интервенцијата на Брза помош на трибините.
Бундеслигашката пресметка меѓу Бергишер и Вецлар, тим за кој играч-тренер е Филип Миркуловски е прекината на десетина минути до крајот.
Причина е интервенцијата на Брза помош на трибините. Навивач на Брегишер доживеал инфаркт за време на натпреварот, интервенирале докторите, а на барање на домашниот тим, екипите се согласиле да ја прекинат средбата.
Во моментот на прекинот, Вецлар водеше 21-19 и требаше да изведе седмерец.