Голден Арт и Алкалоид се единствените екипи во Првата лига што не почувствувале горчина на пораз. Зад нив успешно чекор држи и Јуниор Кисела Вода.
Голден Арт го совлада Аеродром, тим што е кандидат за Плеј оф во дерби мечот на петтото коло во Првата лига група „Б“.
Резултаска неизвеснот имаше во првиот дел, гостите водеа до резултат 10-9, но потоа следеше серија од 4-0 за домашните за водство од 13-10, а разликата остана и до крајот на полувремето. Во вториот дел, предводени од Давид Даев кој постигна девет гола, Голден Арт ја зголеми разликата која на крајот изнесуваше 24-22.
Јуниор Кисела Вода го совлада тимот на Астраион со 36-18, Куманово славеше над Текстилец со 33-20, а во петокот и Алкалоид одработе со Кичево 2020 (56-21), а Македонија Ѓ. П. го совлада Металург РА до 40-29.
На табелата со по пет победи се Алкалоид и Голден Арт, следи Јуниор К. Вода со четири победи и пораз...