Тиквеш ја совлада битолската „двојка“

Е. ПЕЛИСТЕР 2 - ТИКВЕШ  24-26 (12-14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола, Гледачи: 1.000.  Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Скопје)
Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Јовановски, Кузманоски 5, Буторац, Пав. Атанасијевиќ 2, В. Димитровски 2, Петровиќ 3, Андонов, Димитриоски 1, И. Димитровски, Талевски 3, Пет. Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 1, Ѓукиќ 4, Блажевски  
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 10 минути
Тиквеш: тојаноски 2, Велков, Кондев 1, Лазов, Дрогришки 2, Стефановиќ 3, Гичев, Коцев, Соколов, Темелкоски 5, Гоцевски 1, Трпчевски 5, Окардов, Симиќ 7, Трајковски, Јанчев 
Седмерци: 7/5 Исклучувања: 14 минути



Втор меч на Тиквеш со старо-новиот тренер на клупата, Горан Андоновски и втора победа. Вечерва кавадарчани славеа победа на мошне важен натпревар, против најпријатното изненадување во Супер лигата, Е. Пелистер 2. 
Битолската „двојка“ по серијата на добри резултати, вечерва, почувствува горчина на поразот. Кавадарчани поведоа со 4-1 и тоа се покажа како решавачки момент, затоа што таа разлика ја задржаа гостите до крајот на натпреварот. Шанса барем за бод домашните имаа во финишот, намалија на 24-25, но Тиквеш го имаше последниот напад, ја чуваше вешто топката до самиот крај, а потоа уште и успеа да погоди за конечни 26-24.

Претходно денеска, Еурофарм Пелистер го совлада дебитантот Скопје 2020, убедливо со 38-12 (17-5)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk