ПРИШТИНА - ВАРДАР 35-39 (15-16)
Вардар: Бој. Коцева 2, Дамјановска 7, Диневска 7, Трпевска 7, Костовиќ 5, Миновска 2, Стојановска 4, Галевска 1, Бор. Коцева 1, Радевска, Ј. Попова, Н. Попова, Илиќ, Тошевска, Георгиевска, Васевска
Приштина: Бојовиќ 11, Прапаштица 5...
ЖРК Вардар враќањето на европската сцена по пауза од три години го одбележа со победа на гостински терен над екипата на Приштина.
Црвено-црните постигнаа дури 39 гола на гостувањето и победија со 39-35 што би требало да биде доволен капитал пред реваншот што на 23 октомври се игра во Скопје.
Приштина, екипа за која настапуваат две ракометарки од Гвинеја и една од Црна Гора, беше за нијанса подобра во поголемиот дел од првото полувреме, но во финишот, а и во целиот втор дел доминираше македонскиот состав. Разликата беше направена во воведните минути од вториот дел кога Вардар стигна до плус четири разлика, а потоа со плус минус гол-два ја задржа до крајот на натпреварот.
foto: zrkvardar.mk/Denis Dukovski