Три македонски екипи денеска на евро-сцена

Три женски екипи од Македонија денеска ќе го одиграат првиот натпревар од 1/32 финалето во ЕХФ Европскиот куп. 



ЖРК Вардар, ЖРК Металург и ЖРК Чаир денеска ќе ги одиграат првите натпревари од новата сезона во ЕХФ Европски Куп.
Сите три екипи ќе играат на гостински терен, со тоа што Металург и Чаир ќе ја имаат улогата на домаќини. 

Први на терен, од 17:00 часот, по пауза од три години од европски настапи се враќа неколкукратниот учесник на Фајнал фор Будимпешта - ЖРК Вардар. 
Сега со ново лице и амбиции, црвено-црните ќе гостуваат на екипата на Приштина. 

Екипата на Металург двата натпревари ќе ги игра во Луксембург, против екипата на Дуделанж. Имајќи предвид какво е нивото на противникот, би рекле дека македонскиот тим има реална шанса да се пласира во следната рунда. 

ЖРК Чаир, исто како и Металург домаќин ќе биде надвор од Македонија. Македонскиот претставник ќе игра во Торшавн, на Фарски острови против екипа што се вика Х71. Дуелите на Чаир и на Металург почнуваат од 19:00 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk