Враќањето на Олимпијакос во грчкото првенство го вознемири АЕК и тој се засили со најдобриот стрелец од шампионатот на Словачка. АЕК е противник на Е. Пелистер во Европската лига.
Грчкиот шампион АЕК, лански победник на ЕХФ Куп, се засили непосредно пред стартот на Европската лига и сезоната во Грција.
Јурај Бријатка, левото крило на репрезентацијата на Словачка и најдобар стрелец на нивниот шампионат е новиот член на атинскиот клуб со кого Е. Пелистер ќе игра во групната фаза.
Доаѓањето на Бријатка е повеќе страв од враќањето на Олимпијакос во првенството (лани се повлече). Клубот од Пиреја го доведе Владислав Остроушко, а тоа очигледно не им се допадна во АЕК, па и тие го пополнија својот ростер пред дербито што се игра денеска.