Уште еден играч си замина од Металург

Францускиот интернационалец Абдула Мане не е веќе дел од екипата на Металург. 



Металург остана без француските засилувања. По браќата Оливие и Кевин Њокас кои беа трансферирани во Вардар, од клубот си замина и Абдула Мане. 
Овој француски ракометар немаше трпение да го сочека најавеното финансиско стабилизирање на клубот и се врати во Франција. Во незгоден момент за Металург кој годинава во име на стабилизација веќе ја прави  најголемата резултатска жртва. 

Што се однесува до Абдула Мане, за волја на вистината и не видовме којзнае колку од овој ракометар како за странско засилување. Имаше добар натпревар со Вардар, а неговата важност беше зголемена поради тенкиот клупски ростер во моментов. Металург очекува подобри денови во следните два месеца, ако се реализира најавата, тогаш ќе има место за поквалитетни засилувања.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk