Вртелешка: Сите голмански трансфери

Попрлично се активни голманските трансфери сезонава. Би додале како ретко кога, а нови имиња само се додаваат на списокот. 



Голманските трансфери се прилично актуелни сезонава, до таа мерка што решивме да ги сумираме на едно место сите најавени, официјални и неофицијални...

Марин Шего од Монпеље е најновиот звучен голман што следното лето менува клуб. Голманот што пред некој ден го гледавме во Скопје во дресот на Монпеље следната сезона ќе ја чува мрежата на Гепинген. 
Словенецот Урх Кастелиц од друга страна заминува од тимот. 

Реми Дебоне, голманот што во моментов брани за екипата на Ним, во следните четири години ќе биде на голот на Монпеље, на местото на Марин Шего. 

Барса го чека Емил Нилсен од Нант следната сезона. Гонзало Варгас останува, а од екипата најверојатно ќе си замине Лионел Масиел. 

Иван Пешиќ, голманот кој од 2013 брани за екипата на Мешков Брест на лето заминува од Белорусија и ќе го заземе испразнетото место во екипата на Нант. Пешиќ потпиша тригодишен договор. 

ПСЖ ќе има два нови голмани. Јаник Грин доаѓа од Магдебург, а Андреас Палицка од екипата на РНЛ. Заминуваат Винсен Жерар кој би требало да оди во Санкт Рафаел и Јан Женти.

На местото на Јаник Грин во Магдебург  кој оди во ПСЖ ќе дојде голманот на Шамбери, Никола Портнер. 
На местото на Никола Портнер, пак, во Шамбери ќе дојде Филип Ивиќ од ППД Загреб. 

Адам Моравски, голманот на Висла Плоцк и полската репрезентација, следната сезона ќе биде дел од екипата на Мелзунген според полските медиуми. Мелзунген во моментов има две познати имиња на голот, Силвио Хајнефетер и Небојша Симиќ. 

Торборн Бергеруд, норвешкиот репрезентативец сезонава го напушти Флензбург и потпиша за ГОГ следен од бројни шпекулации дека по само една сезона заминува и оди во ПСЖ. Но, ПСЖ одбра поинакви голмани, а сега норвешките медиуми велат дека тој ќе биде дел од новиот дрим тим - Колстад. 

Шведскиот голман Петер Јоханесон (29) по истекот на сезоната заминува од Лемго и следната сезона ќе брани за екипата на Бергишер. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk