Капе Верде ангажираше екс тренер на Вардар

Љубомир Обрадовиќ, српскиот тренер кој во еден период 2000-2001 година беше тренер на Вардар, има нов „атрактивен“ ангажман.



Српскиот тренер кој по заминувањето од Вардар шест години работеше во Порто, а потоа од 2014 до минатата сезона беше селектор прво на женската репрезентација на Црна Гора, а потоа и на Србија, а во еден момент беше селектор и на мажите и на жени во Србија, ќе ја подготвува и води репрезентацијата на Капе Верде. 

Оваа африканска репрезентација составена главно од ракометари што играат во Португалија и нешто помалку во Шпанија и Германија, беше дебитант учесник на мундијалот во Египет во јануари годинава. 
Се соочија со големи проблеми, пред заминувањето за Каиро десетина ракометари и членови на штабот им беа позитивни на Ковид 19. Одиграа само еден меч, потоа имаа уште позитивни играчи и се повлекоа, односно беа исклучени од мундијалот. 

Но, целата фама околу нивниот настап очигледно имаше позитивни страни за ракометот во оваа држава, па сега имаат и нов лидер. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk