Битолчани од втор шешир во Европа

Вчера завршија реванш натпреварите од второто квалификациско коло во Европската лига, утре со ждрепка ќе бидат формирани четирите групи со по шест екипи во кои ќе биде и македонскиот претставник Еурофарм Пелистер.



Битолски Е. Пелистер утре ќе ги дознае противниците во групната фаза од Европската лига, натпреварување второ по квалитет, но годинава веројатно посилна од кога и да е. 
Потврда за тоа е неуспешниот обид на два скапи и познати клуба, Рајн Некар Ловен и ЦСКА Москва да се пласираат во групната фаза на ова натпреварување. 

Со четири француски екипи за кои ќе постои привилегија во ждрепката, две германски, две португалски и две шпански екипи, кога ќе се разместат коцките пред ждрепката ќе дојдеме до момент во Битола сигурно да видиме француска екипа, а остатокот е во рацете на божицата Фортуна. 

Третиот шешир, полн со екипи што не играа квалификации е најслабиот и оттаму Е. Пелистер би требало да добие ривал од кого ќе бара бодови по секоја цена. 
Составивме неформално рангирање, базирано на рангот што го имаа екипите пред стартот на квалификациите и ја добивме следнава шема. 
Не ја исклучуваме можноста да има промени на официјалниот список, но тоа е можно во подолните шешири, додека за битолчани сме прилично сигурни дека ќе бидат во вториот шешир и ќе се разминат со Савехоф, Винтертур и Чеховски медведи. 


НЕОФИЦИЈАЛНО РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕШКАТА
1. ШЕШИР: Магдебург (Гер), Нант (Фра), Бидасоа (Шпа), Татабања (Унг)
2. ШЕШИР: Савехоф (Шве), Е. Пелистер (МКД), Винтертур (Шва), Ч. Медведи (Рус)
3. ШЕШИР: Горење (Сло), Татран (Свк), АЕК (Грц), Кокс (Фин)
4. ШЕШИР: Берлин (Гер), Прованс (Фра), Лемго (Гер), Спортинг (Пор)
5. ШЕШИР: Висла (Пол), Нексе (Хрв), Бенфика (Пор), ГОГ (Дан)
6. ШЕШИР: Тулуз (Фра), Ла Риоха (Шпа), Кадетен (Шва), Нимс (Фра)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk