ТРАНСФЕРИ: Oстроушко има 17, Прце 18, а рекордер е...

Трансферот на Владислав Остроушо од Шпанија во грчки Олимпијакос е покрај тоа што се работи за екс играч на Е. Пелистер, е интересен и од друг агол.



Грчкиот клуб Олимпијакос се пофали дека следната сезона во нивните редови ќе игра Владислав Остроушко (фото), 35 годишен украински ракометар, кој пред две сезони настапуваше за екипата на Е. Пелистер. 

Овој трансфер на украинскиот бек е верувале или не, број 17 во неговата кариера. Но, тој не е рекордер, иако со 35 години и ритамот што го има би можел по некоја година и да биде. 

Босанскиот ракометар Никола Прце минатата сезона на 40 годишна возраст, направи трансфер што за него е број 18. Благодарение на ЕХФ и Ракометните федерации за кои статистиката од ваков тип не постои (иако барем ЕХФ добро наплаќа за секој меѓународен трансфер), можеби не е прецизна, но пишуваме за бројките што се достапни. 
Прце има 18 трансфери, но ниту тој не е рекордер. 

Според информациите што нам ни се достапни, ракометар кој има најмногу трансфери во кариерата е поранешниот македонски интернационалец, сега тренер на суперлигашот Охрид, Раде Стојановиќ. 
Стојановиќ за време на својата играчка кариера има направено дури 19 трансфери, сметајќи ги и тие внатре во македонскиот шампионат. Оваа бројка е официјално потврдена од македонскиот стратег. 

Стојановиќ (за нас) е официјален рекордер, барем додека не добиеме поинаква информација за некој друг играч кој може да ги побие овие бројки, што рековме со оглед на статистиката што не се води, можеби и да постои. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk