Фијаско на Хановер кај Миркуловски, Нант го разби Монпеље,

„Одамна не им се плашиме “, изјави пензионираниот Рок Фелио пред дуелот на Нант со Монпеље и не само што не им се исплашија, туку го разбија вице-шампионот.



Кирил Лазаров постигна три гола на дуелот со Монпеље, средба што Нант ја доби со 34-26. Ако финалниот резултат не ви е висок, ќе додадеме дека на полувреме беше 20-11. Емил Нилсен голманот од Данска одново имаше голема вечер (13 одб), а голот на Шего (0) и Бонфои (8 одб) го решетаа сите ракометари на Нант. 

Македонски дуел имаше во Бундес лигата. Хановер со Филип Кузмановски гостуваше кај Вецлар на Филип Миркуловски. Епилогот е тешко да се објасни со зборови, барем за гостинскиот тим. Со неверојатно 22 гола разлика победи Вецлар! Конечниот резултат е 38-16 (19-6). 
Филип Кузмановски во оваа каастрофа учествуваше со 0/3, а на спротивната страна заигра и Филип Миркуловски и имаше 2 гола од 2 шута. 

Дарио Петровски постигна еден гол во победата на Гвадалахара над Виља Де Аранда од 24-22. Ова беше првиот настап на младиот битолчанец како интернационалец. На официјалниот веб сајт на шпанскиот клуб велат дека многу добро се вклопил во составот на Гвадалахара. 

Тоше Ончев постигна три гола во победата на Тримо Требње како гостин кај Добова. Тримо победи со 35-29 и продолжи кон врвот на табелата, односно остана на делба на првото место заедно со Целје, Рибница и Слован. Сите четири екипи имаат по шест бода од три одиграни натпревари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk