Четврта нула за Металург, прва радост за Тиквеш

ГРК ТИКВЕШ - МЕТАЛУРГ 21-19 (13-15)
Јанчев 9, Кондев 5 - Каковски 5, Пеетковски 5


Први бодови за Тиквеш, четврта нула за Металург. Тоа е епилогот од денешната пресметка во Кавадарци со која е заокружен најлошиот старт на Металруг во последните дваесетина години.

Металург предводен од Бобан Каковски и Александар Петковски го контролираше првото полувреме и имаше во еден момент и пет гола предност (10-5), но место решавачки исчекор и мирен натпревар, му „дозволи“ на противникот да се врати во игра со серија од 4-0 и да намали на 9-10. 
Потоа продолжи играта гол за гол во која Металург на полувреме замина со водство од 13-11.

Јанчев и Кондев го одржуваа Тиквеш во игра и кавадарчани успешно се одржуваа во близина на Металург и во второто полувреме. Главно еден гол или два гола беше водството на Металург за конечно по минунсот од 14-16, домашните да израмнат на 16-16, а потоа и да дојдат до првото водство (по тоа од 1-0) - 17-16. 
Одбраната на Металург не функционираше добро, односно ништо подобро од нападот, па Јанчев лесно постигна уште два гола за водство од 19-17, а во меѓувреме промашија и седмерец домашните.
Металург намали на 18-19, а потоа имаше и контра напад за реми, но голманот Стојаноски му одбрани зицер на Петковски, а во продолжение Тиквеш зголеми на 20-18. Потоа Стојаноски одбрани шут и на Мане, Тиквеш дојде до 21-19 и посед на топка во 59 минута и тоа беше крај за Металург. 

На денешните средби, екипата на Прилеп, како гостин го совлада Скопје (30-29), на натпревар што прилепчани го контролираа имаа водство во финишот од 30-27, а домашните го ублажија поразот. 
Грузијците Рустамов со 9, Мариани со 6 и Чантурија со 4 гола беа најефикасни во прилепскиот тим, додека за домашниот состав на Скопје 2020, Леонид Киселовски и Александар Василевски постигнаа по седум гола. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk