Талески им пресуди на битолчани во дербито

ВАРДАР - Е. ПЕЛИСТЕР   29-25 (15-11)
Дибиров 10, Талески 5, Моралес 5 - Мандалиниќ 5, Кушан 5, Табоада 4



Еден блиц криг на Вардар во последната минута од првото полувреме, три од три на Талески во последните две-три минути од средбата и стабилноста на Стоилов на линијата изразена низ второто полувреме и „десетката“ на Дибиров се клучот за победата на Вардар над Е. Пелистер на првото првенствено големо дерби. 

Целиот прв дел се играше израмнето, гол за гол со повремено преземање на водството од страна на Вардар, но главно резултат контролиран од гостинскиот Е. Пелистер. Барем до резултат 8-9. Потоа во водство премина Вардар, за прв пат успеа да дојде и до плус два (12-10), а потоа следеше периодот во кој беше решен и натпреварот. 
Битолчани имаат за што да жалат. Вардар до клучната предност не дојде поради многу подобриот перформанс, туку поради тоа што Е. Пелистер направи грешки. Клучните две во последната минута со која Вардар дојдое од плус два на плус четири, се дело на неизнудени грешки, односно топки „фрлени во раце“ и контра напади го доведоа Вардар до 15-11. 

Во вториот дел, со плус четири Вардар играше полесно, а стратегијата „7 на 6“ се сведуваше на пронаоѓање на Стоилов, а оттаму е или гол или пенал. Среќа за битолчани што Секељи успеа да одбрани дури три, па Вардар не се одлепи.
И потоа Вардар во еден период се загуби, Е. Пелистер од речиси загубена ситуација, одеднаш се најде во позиција да брка само минимална негатива. Две технички грешки од кои едната заврши со гол во празна мрежа го доведоа Е. Пелистер на минус еден (25-26). 

Потоа на сцена стапи Филип Талески, постигна три гола, а битолчани чекорот го загубија со уште еден напад во кој погрешија во додавање, неизнудено. 
Финално, заслужена победа на Вардар, иако еуфоријата што полека се создава е два три чекора пред играта на Вардар. Е: Пелистер, има полни раце анализа и работа на транзицијата. Особено што еден од нивните најдобри играчи, Томислав Кушан, според нашите информации, утре би требало да се пресели во Вецлар, Германија. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk