По една победа имаат сезонава екипите на Вардар и Е. Пелистер во меѓусебните дуели. Потешка е битолската, од официјалната средба од Супер куп на Македонија, додека Вардар возврати на турнриот во Струга.
Поинаков момент е третото дерби меѓу Вардар и Е. Пелистер сезонава. Прв пат во Супер лигата, прв пат за бодови. Вардар е поинаков состав со браќата Њокас место Гурбиндо, но во домашното првенство постои и лимит за бројот на странски ракометари, па ќе мора да комбинираат и Вујовиќ и Бабиќ за да ги имаат најдобрите постави на теренот.
За разлика од нивните претходни натпревари во домашниот шампионат, што го години наназад се играле во Плеј оф, сега се на дуел во есенскиот шампионат. Не е безначајно, екипата што ќе биде прва во овој дел од првенството пренесува еден бод повеќе од второпласираниот тим. Тоа може да биде пресудно ако во Плеј оф, секој победи на домашен терен во големото дерби.
Натпреварот почнува во 18:00 часот, се игра во „Јане Сандански“ и влезот е бесплатен. Тоа што е бесплатно не значи и дека секој ќе може да влезе. Мора да бидат исполнети условите од протоколот за имунизација од Ковид 19.
Денеска и Металург гостува во Кавадарци во обидот да стигне до првите првенствени бодови. Тој меч ќе се игра од 19:00 часот.
Колото ќе биде заокружено со дуелот Скопје - Прилеп што почнува од 18:00 часот.
Сите натпревари можат да се следат во живо преку веб страната на РФМ со клик на следниов ЛИНК