Алкалоид ја запиша втората победа, прва како гостин и остана на врвот на табелата во групата Б, во Првата лига.
Македонија Ѓ. Петров не можеше да го следи и издржи ритамот што го наметна Алкалоид на нивната вечерашна пресметка. Момците на Савевски имаа далеку подобра транзиција, брзиот центар им носеше лесни голови и веќе на стартот на натпреварот поведоа со 5-2.
Равмановски, тренерот на Македонија Ѓ. П. побара тајм аут по 15 минути игра, при негатив од 6-10, но не можеше да се најде решение за играта на објективно подобриот противник. Алкалоид поведе со 14-7, на полувреме и со 19-10.
Игор Ѓоргиев постигна 10 гола на овој меч, Серафимов и Тодески додадоа по пет, а Алкалоид на крајот запиша убедлив триумф од 36-22 и нови бодови во пресрет на дуелот со еден од послабите тимови во лигата, струмички Астраион.
Струмичани вечерва со пресврт во вториот дел го совладаа Текстилец 21-18 на домашен терен и ги освоија првите бодови.
Екипата на Голден Арт КЛ7, тим што неофицијално важи за фаворит број еден во групата, денеска имаше прилично лесна задача на гостувањето кај Металург РА.
Екипата водена од Никола Матлиески и Горан Ѓоргоноски од клупата, запиша триумф од 43-21. Марио Миланов постигна 8, а Давид Даев 7 гола за победничкиот тим, додека Христијан Неданоски постигна 8 гола за Металург РА