Еурофарм Пелистер 2 – T. Пролет 29-22 (13-10)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола Гледачи: 600 Судии: Ѓорѓи Колевски и Сашо Кркачев (Скопје)
Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Јовановски, Кузманоски 8, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Митревски 2, Мирчевски, Петровиќ 4, Андонов, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ 4, Белистојановски, Ѓукиќ 3, Блажевски 1, Арсеновски
Седмерци: 6/5 Исклучувања: 8 минути
T. Пролет:Петковски 1, Цветковски, Аларов 1, Манев, Пецаковски 5, Додевски, Ивановски, Димов 2, Андоновски, Џонов 3, Мајнов 1, Крстевски 1, Голубовиќ 3, Фичорски, Палевски 3, Пејовиќ 2
Седмерци: 10/7 Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2 слави нова голема победа и прераснува во кандидат за висок пласман уште од стартот на сезоната.
По трите бода од Автокоманда, битолскиот број два денеска на свој терен го совлада и тимот на Тинекс Пролет и тоа убедливо 29-22 и по четири кола има скор од три победи и пораз, а тој пораз е од Е. Пелистер.
Скопјаните беа подобри само во водените минути во кои и водеа 4-2 и 5-3, но потоа со серија од 3-0 ја преземаа домашните контролата, а потоа по краткиот период на игра гол за гол со нова серија од 4-0, од 8-8 се одлепија на 12-8.
На полувреме беше 13-10, а вториот дел во целост им припадна на битолчани кои постојано имаа безбедно водство од 4-5 гола разлика, за во последната 1/4 од средбата да имаат и плус седум, резулат со кој и заврши натпреварот (29-22).
Цветан Кузманоски игра одлична сезона, денеска постигна осум гола, а Павле Атанасијевиќ додаде уште шест и тие двајца беа најефикасни кај победничкиот состав.
Во редовите на Тинекс Пролет Дејан Пецаковски со пет гола беше најефикасниот.