Репрезентацијата на Узбекистан го совлада Хонг Конг во мечот за петто место на Азиските игри и обезбеди пласман на СП Шпанија 2021.
Познати се петте патници на СП Шпанија 2021 што обезбедија пласман како репрезенти на Азија, преку квалификациските Азиски игри.
Тоа се полуфиналистите Јужна Кореја, Јапонија, Иран, Казахстан, а последниот патник е Узбекистан. Азија ќе има вкупно шест претставника, затоа ИХФ вајлд карта и додели на Кина.
За мундијалот да го добие конечниот изглед ќе треба да се почекаат уште и квалифиациите од Јужна Америка.
Иран, Казахстан и Узбекистан, плус Кина и Порторико се гарант дека мундијалот ќе биде ракометно фијаско каво што досега немало. Останува и тенката можност некоја од овие репрезентации (мислиме на Казахстан, Узбекистан или Иран) да се повлечат од мундијалот и на тој начин патник за Шпанија би станала репрезентацијата на Македонија.