Денеска почнува второто коло од натпреварувањето во Првата лига. Групата „Б“ денеска е на терен, а екипата од групата „А“ своите натпревари ќе игра утре.
Во ова коло ќе има интересни натпревари, но нема да има изразена дерби средба. Можеби дуелот Куманово - Јуниор Кисела Вода да понуди малку поголема неизвесност. Момент што ќе го издвоиме е и првиот гостински натпревар на Алкалоид. Љубомир Савевски и неговите момци ќе играат во Ѓорче Петров, против екипата на Македонија.
„Алкалоид е нов клуб и секој натпревар е нов и посебен предизвик за нас. Македонија Ѓ. Петров
има добар тим, а Ѓорче Петров е место со ракометна традиција и во машки и женски ракомет. Ние
го почитуваме тоа и секако нема да ги потцениме. Впрочем, целта кон која ние се стремиме е
секој играч што ќе добие шанса на теренот да го прикаже најдоброто од себе на секој натпревар“,
вели тренерот Љубомир Савевски.
ПАРОВИ И ЛИНКОВИ ЗА ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ
16:00 Астраион - Текстилец
16:00 Аеродром - Кичево
16.00 Куманово - Јуниор Кисела Вода
18:30 Металург РА - Голден Арт КЛ7
19:00 Македонија Ѓ. Петров - Алкалоид