Денеска се играат три натпревари од редовното четврто коло во македонската Супер лига.
Еурофарм Пелистер и Тинекс Пролет, два тима што стартот на сезоната можат да го наречат исклучително успешен, особоено по победите над ранетиот Металург, денеска се среќаваат на меѓусебен дуел во Битола.
Средбата се игра со почеток од 16:00 часот а може да се следи на следниов линк
16:00 Е. Пелистер 2 - Тинекс Пролет
Уште два меча се играат вечерва, а тимот на Струга го пречекува Бутел Скопје во надеж дека ќе успее да профитира против противник кој не почна фуриозно, но има две победи, извојувани буквално во последниот напад.
18:00 Струга - Бутел Скопје
На последната средба вечерва, Охрид гостува кај Радовиш. Охридскиот состав е големиот фаворит, посебно по слабиот старт на радовишани, но го почувствуваа и тие вкусот на победата минатото коло, па сигурно и денеска ќе сакаат ново победничко селфи.
19:00 Радовиш - Охрид