ГРАНОЉЕРС - Т. ПРОЛЕТ 27-29 (14-12)
Тинекс Пролет успеа да го преживее резултатски лошиот прв ден во Гранољерс и иако елиминран ја одбрани честа на реваншот.
Т. Пролет е чесно елиминиран во квалификациите за Европската лига. Вчерашниот пораз од 21-36 со кој практично беа решени сите дилеми, не беше вовед во патетика и евро-туризам, туку успеја да се одржат на професионалните стандарди скопските ракометари и во возвратниот меч го совладаа шпанскиот тим 29-27, па во Скопје се враќаат, елиминирани, не со спуштени глави.
Михаил Аларов одигра одличен натпревар и го потврди репрезентативниот потенцијал постигнувајќи седум гола од осум обиди, а по четири погодоци во овој триумф постигнааа Џонов, Палевски, Голубовиќ и Пецаковски.