Т. Пролет поправа впечаток?

Разочарувачкиот финален резултат од првиот дуел меѓу Гранољерс и Т. Пролет не е нешто што може по една прспана ноќ да се избрише, но скопскиот тим денеска има шанса за поправен. 



Единственото што денеска му преостанува на Т. Пролет како опција да го ублажи синоќешниот резултатски шок од Гранољерс е денеска да одигра машки натпревар до последната минута и да не дозволи какво и да е сценарио што предвидува репризирање на вчерашниот меч, особено второто полувреме. 

Елиминацијата е веќе потпишана, но не е исто дали одново ќе биде голем минус или ќе биде резултатски рамноправно. Домаќинот денеска нема да има особен мотив да брка (голема) разлика, па останува да видиме дали вчера беше само лош ден или разликата меѓу овие клубови навистина се мери со две бројки. 

Натпреварот почнува во 17:30 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk