Т. Пролет со минус 15 на првиот меч

Одлуката на скопскиот тим двата меча да ги одигра на гостински терен беше добра одлука. 



Тинекс Пролет донесе добра одлука кога реши да не се истрчува со трошоци (вклучително и засилувања) за двомечот со Гранољерс и двете средби да ги игра во Шпанија. 

Ако постоеше илузија дека може да се извади добар резултат, дури и да се игра за пласман во следната рунда, таа е распрсната по денешниот прв натпревар. 
Гранољерс славеше убедлива победа од 15 гола разлика (36-21). Разликата во квалитет евидентна, иако Т. Пролет  во ваква лоша финална позиција се донесе во последната четвртина. Шпанците за волја на вистината водеа цел натпревар (6-2, 11-5, 16-11)... но негативата не беше во вакви рамки.
Сепак, како одминуваше времето растеа проблемите, па на крајот Шпанците славеа победа со која практично го верификуваа пласманот во второто коло.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk