Шести меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“
Финале: ГРК Тиквеш - Дубочица 32-31 (17-12)
Меч за трето место : Прилеп 2010 - Еурофарм Пелистер 28-31 (13-18)
Меч за петто место : Струга - Голден Арт 31-29 на седмерци (27-27)
Екипата на Тиквеш од Кавадарци е победник на шестиот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ што минативе денови се одржуваше во Прилеп.
Во финалето на турнирот, екипата на Тиквеш, минимално 32-31 ја совлада екипата на Дубочица од Србија. решавачки беше првиот период од мечот што кавадарчани го добија со 17-12. Гостите од Србија имаа неуспешен обид за кам бек, иако во финишот имаа реална шанса да направат пресврт.
Во мечот за трето место екипата на Е. Пелистер 2 беше подобра од домашниот Прилеп, а најинтересно беше на средбата за петто место на кое Струга го совлада Голден Арт по изведување на седмерци.