Официјално е потврдено дека поранешниот вардаров ракометар, Сташ Скубе ја игра последната сезона во Мешков Брест. Од следниот јуни, ќе биде дел од дрим тим состав.
Сташ Скубе е новиот ракометар на Келце, неговиот договор со полскиот шампион, кој состави дрим-тим, почнува следната сезона.
Скубе по заминувањето од Вардар отиде во Мешков Брест, каде што ќе го гледаме и сезонава. Се шпекулираше за трансфер во ПСЖ, во еден момент и потврди дека имало контакт со парижаните, но Белорусите понекогаш знаат да бидат убедливи.
Убедлив да биде знае и претседателот на Келце, Бертус Сервас, па така Скубе следната сеозона доаѓа во Полска и тоа не како сингл засилување, туку во тимот доаѓаат и Недим Ремили и Беноа Конку од ПСЖ. Претходно, Дилан Наи, крилото на ПСЖ кое (не според нас) котира многу високо во нај трансфери, ќе го облече жолтиот дрес.
Сега прашањето на денот е дали Игор Карачиќ останува или си оди? Ако остане, тоа би било многу силно трио во кое го сместуваме и Хаукур Трастарсон од Исланд. Но, ќе треба да се најде минутажа за да игра и Полјакот Олејничак, па затоа сметаме и дека шансите Игор Карачиќ да остане, се мали.
Веруваме дека е само прашање на време кога ќе излезат шпеклулациите од типот дека Карачиќ се враќа во Вардар (што секако е желба на вардаровите фанови) или да биде преселен во три-четири клуба додека да го дознаеме вистинскиот. Под услов навистина да си оди од Келце.