Две нови имиња на Супер глоуб

Две нови имиња ќе се појават на Супер глоуб во Дамам, С. Арабија годинава. 



Сан Франциско Калхит е победник во квалификациите за пласман на Супер Глоуб во Северна Америка и Кариби. Оваа екипа, со многу скромни можности беше подобра од Њујорк (29-21) и мексиканскиот Министрос де Монтереј (31-27), па за прв пат ќе се соочи со екипи што играат вистински ракомет во С. Арабија.

Во Бразил, пак, се водеше жестока битка, а досега незаменливиот Таубате во финалето запиша минимален пораз од Пињеирос (26-27), па така во Дамам патува новиот шампион на Јужна Америка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk