Сагосен и Морк против сестрите Бонавентура

Норвешка ја имаше таа среќа, на машкиот тим во 1/4 финалето против Данска и на женскиот тим во 1/2 финалето против Русија да им судат Жули и Шарлот Бонавентура. 
Двата меча завршија со елиминација на Норвешка. 



„Едни од најдобрите судии? Не се согласувам, има многу други што се подобри од нив“, изјави разочараната Нора Морк, најпознатата норвешка ракометарка по елиминацијата од Русија, за која јавно за виновник ги посочи француските судии, сестрите Бонавентура за кои и во Македонија има голема доза на антагонизам меѓу ракометните фанови.
„Секој ден се подготвуваме за овој меч. Пет години чекавме и на крај ни беше одземена победата без да можеме да направиме ништо. За да ја победиме Русија требаше да бидеме за 10 гола подобри од нив“, изјави Морк. 
Морк беше често мета на руската одбрана, а во еден момент изнуди и директен црвен картон за Ана Сен поради старт директно во лицето. 

Лош коментар за истите судии има и најдобриот норвешки играч и една од најголемите ракометни ѕвезди воопшто - Сандер Сагосен. 
Тој беше лут за елиминацијата од Данска, на меч на кој трипати беше исклучен. 

„Поставија критериум што беше невозможно за нив да го следат“; изјави Сагосен додавајќи дека клучно било. исклучувањето број два, кога се обиделе да го сменат текот на натпреварот. 

Со тоа Бонавентура си ја продолжија традицијата да направат пепел на секој поважен натпревар, долга би била листата да составуваме примери, но паметиме дека ЖРК Вардар имаше клучна ситуација за освојување на шампионска титула во ЛШ што не му беше досеудена. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk