Турскиот репрезентативец Халил Озтурк е нов ракометар на Металург. Тој веќе се приклучи на тимот на подготовките на Маврово.
Халил Озтурк, турски плејмејкер со над 50 настапи за репрезентацијата е решението на Металург за централната бековска позиција за претстојната сезона.
Озтурк и Металург веќе три недели беа во преговори за денеска, клубот да официјализира дека е постигнат договор.
Дали неговото доаѓање значи и заминување за Марко Тарабокија ќе почекаме да официјализира клубот, но многу е веројатно дека таков ќе биде расплетот.
Озтурк има 25 години и последно играше за турскиот тим Спор Тото, екипа од Анакра, порано позната како Мили Пјанго.
Ростерот на Металург не е затворен, клубот се уште е во потрага по играчи за да комплетира одредени позиции.
Во меѓувреме, екипата се пресели на Маврово каде што одработува базични подготовки.