Групната фаза од Олимпискиот турнир во Токио заврши, повеќе помлаку според очекувањата. Математиките завршија, сега на ред се елиминациите.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ 14 ФИНАЛЕ
ВТОРНИК, 03.08.2021
02:30 Франција - Бахреин
06:15 Шведска - Шпанија
10:00 Данска - Норвешка
13:45 Египет - Германија
Големите битки во Токио почнуваат денеска. Веќе нема тактизирање, бирање противник и чување на сила. Следните три натпреварувачки денови ќе се игра на се или ништо. Почнув вечерва со условно кажано најпредвлидливиот меч, односно дуелот на фаворитите Франција и изнанедувањето Бахреин. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Египет - Германија.
Франција го отвора 1/4 финалниот ден, а потоа од 06 часот, па до 16 часот ќе „пршти“ во Јојого Арената.