Русија е во 1/4 финале, заедно со Шведска, а Франција и Унгарија би можеле да испаднат од трката.
Црна Гора е практично во 1/4 финале, заедно со Норвешка и Холандија.
По заканите од Руската федерација, дека ќе не можат да седат со скрстени раце и да гледаат како нивниот тим губи на Олимпијдата, Русинките како да се освестија и врзаа две победи по ред, од кои едната денеска над Франција. Тие се пласирани во 1/4 финалето, но од која позиција и кој ќе им биде противник ќе се знае по одигрувањето на последното коло.
Црна Гора денеска ја совлада Кореја и сега за пласман во 1/4 финалето им е потребно Норвешка во последното коло да слави над Јапонија. Радичевиќ со шест и Јауковиќ и Мехмедовиќ со по пет гола беа најефикасните во црногорскиот состав кој на две минути до крајот водеше 28-22 и потоа прими четири гола по ред пред да слави конечна победа.
ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ
Ангола - Јапонија 28-25 (15-13)
Ц. Гора - Кореја 28-26 (13-11)
14:30 Холандија - Норвешка
ТАБЕЛА
1. Норвешка (6), 2. Холандија (6), 3. Ц. Гора (4), 4. Кореја (2), 5, Јапонија (2), 6. Ангола (2).
ПОСЛЕДНО КОЛО:
Ц. Гора - Холандија, Норвешка - Јапонија, Кореја - Ангола
ГРУПА „Б“
ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ
Русија - Франција 28-27 (15-17),
Шведска - Бразил 34-31 (15-13)
12:30 Унгарија - Шпанија
ТАБЕЛА:
1. Шведска (7), 2, Русија (5). 3. Шпанија (4), 4, Бразил (3), 5, Франција (3), 6, Унгарија (0)
ПОСЛЕДНО КОЛО:
Русија - Шпанија, Унгарија - Шведска, Бразил - Франција