Латино дербито за Бразил, паднаа Шпанија и Шведска!

РЕЗУЛТАТИ
Аргентина - Бразил  23-25 (7-14)
Бахреин - Јапонија   32-30 (16-17)
Франција - Шпанија  36-31 (18-12)
Шведска - Египет   22-27 (9-13)
Данска - Португалија  (20-19)
14:30   Норвешка - Германија



Франција почна да ја покажува својата сила и да потсетува на деновите кога никој не смееше да им излезе на мегдан. Утрово ја прегазија Шпанија, без поголеми проблеми. Водеа шест гола на полувреме, потоа рутински го одведоа мечот до крајот. 
Недим Ремили и Хуго Деска имаа свое шоу и постигнаа 16 гола од 17 шута. За Шпанија, Алекс Душебаев и Алеис Гомез постигнаа по пет погодоци. Треба да споменеме дека пред овој дуел двата тима имаа обезбедено 1/4 финале.

Бразил ја победи Аргентина (25-23) на натпревар што секогаш е повеќе од натпревар. Првото полувреме во кое набилдаа плус седум и потоа до 4 минута во која водеа со неверојатни 22-10 беа решавачки. Но, потоа следеше десетминутна рапсодија и серија од 8-0 за Аргентина која стигна до 20-22 пред Тијагуш Петруш со гол во 53 минута да го прекине постот за Бразил и да го врати во живот својот тим. 

Египет е секогаш незгоден за Шведска, а денеска тоа уште еднаш се потврди. Омар Јахја и Мохамед Санад постигнаа комбинирано 11 гола (6/5) и го држеа Египет постојано во предност. Лукас Пелас со седум гола единствен даваше посилен отпор во шведскиот тим кој и покрај поразот има обезбедно пласман во 1/4 финалето. 

фото: ihf.info

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk