Македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, утре ќе му судат на актуелниот олимписки шампион
По три тешки натпревари, македонската судиска двојка утре ќе му суди на актуелниот олимписки шампион Данска. Македонците се делегирани на натпреварот Данска - Португалија што ќе се игра во 12:30 часот по средноевропско време.
Да споменеме само дека мечот Египет - Шведска ќе го судат сестрите Бонавентура од Франција.
Утре на програмата е четвртото коло од машкиот турнир, а се среќаваат следниве противници.
02:00 Аргентина - Бразил
04:00 Бахрен - Јапонија
07:15 Франција - Шпанија
09:15 Шведска - Египет
12:30 Португалија - Данска
14:30 Германија - Норвешка