Данска „везе“, Шведска на мускули

РЕЗУЛТАТИ ДЕНЕСКА:
Данска - Бахреин  31-21 (12-7)
Шведска - Португалија 29-28 (14-14)
Норвешка - Аргентина  27-23 (13-12)
Египет - Јапонија   33-29 (18-11)
12:30  Бразил Шпанија
14:30  Франција - Германија



Данска продолжува да везе, а нивната нова голема ѕвезда, десниот бек Матијас Гидсел продолжува да импресионира. Во моментов со 18 гола е трет стрелец на олимпискиот турнир, а втор во данскиот тим. Микел Хансен има постигнато 20 гола, но од нив дури 13 се од седмерец. 
Денеска Данска го преслуша со 10 гола разлика (31-21) досега солидниот Бахреин. 

Нивните соседи и ривали од финалето на јануарското СП, Шведска, играат поинаков турнир, но и тие имаат три од три. 
Шведска во првото коло се спаси со одбранет седмерец во последната секунда да не загуби бод од Бахреин, во второто коло Јапонија направи престап во последната миннута по што и избега реми, а во третото коло, Швеѓаните се вадеа со Португалија.
Повеќе од 40 минути водеше Португалија, а потоа Шведска поведе и со гол два разлика иструка со крајот. Во финишот за малку драма откако Португалија со серија од 3-0 намали на гол разлика, но... 

Слично како и Шведска, тешко игра и селекцијата на Норвешка, која денеска повторно со многу мака ја совлада Аргентина само со три гола разлика. 

Гарсија Парондо сигурно плови со бродот на Египет и ја победи домашната селекција. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk