Тежок пораз на Русинките

Русија е актуелен олимписки првак што во Токио дојде со нескриена желба да го одбрани тронот. Но...




Без Трефилов на клупата, иако е таму во Токио како советник што меѓуредови критикува, Русија игра слаб олимписки турнир и во моментов е со километри далеку од формата потребна за пиедестал. 

По нерешениот резултат со Бразил на отворањето на игрите, денеска „зборнаја команда“ е поразена со цели 12 гола разлика од репрезентацијата на Шведска (36-24) и барем засега на сите им доакажа дека нема тим за подиум. Средбата беше решена во последните десет минути од првиот дел во кој Шведска со серија од 7-2 стигна до пет гола предност. 

Несомнено Русија има многу повеќе потенцијал и квалитет од ова што го прикажува, но дали од нив ќе видиме нешто повеќе на овој турнир или не, е отворено и тешко прашање. 

ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ
ШВЕДСКА - РУСИЈА   36-24 (15-9)
ЈАПОНИЈА - ЦРНА ГОРА  29-26 (14-13)
БРАЗИЛ - УНГАРИЈА   33-27 (17-11)
Ј. КОРЕЈА - ХОЛАНДИЈА   36-43 (15-19)
АНГОЛА - НОРВЕШКА  21-30 (10-15)
ФРАНЦИЈА - ШПАНИЈА 14:30ч
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk