Кадетите ја запишаа победата број четири

МАКЕДОНИЈА - ЦРНА ГОРА   31-29 (17-13)
Македонија: Галевски, Ермановски 2, Ташев 3, Митев 7, Ивановски, Омерагиќ, Митревски 3, Димовски 1, Стојчевиќ, Ѓорговски 4, Атанасијевиќ 1, Стојковиќ 1, Илиевски 5, Савревски 2, Тодески, Манчевски
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 10 мин. 

Резултат: 3-2, 5-5, 8-6, 10-8, 10-10, 12-10, 13-12, 17-12, (17-13), 18-18, 20-20, 23-22, 25-25, 25-27, 26-28, 30-28, 31-29. 



Македонската кадетска репрезентација, тимот до 19 години, вечерва по втор пат ја совлада репрезентацијата на Црна Гора и ја запиша својата победа број четири во подготовките за ЕХФ Шампионатот. Ова е и четврта победа на Кирил Лазаров како селектор на У19 тимот. 

Претходно, Македонија У19 двапати ја совлада Италија, а вчера славеше победа и против Црна Гора. 

Денеска Македонија победи со помала разлика (31-29), што се должи главно на повеќе тактизирање, повеќе проверки на тоа што функционира, а што треба да се поправа и слично. Но, контролата беше комплетно на страната на нашиот тим и победата не беше доведена во прашање, иако во последните десетина минути во еден краток период водството беше на страна на противникот.

Македонија од 9 до 15 август ќе биде домаќин на ЕХФ Шампионат во Скопје од каде што треба да се обезбеди пласман на ЕХФ Еуро. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk