Бошковски: Добивме звучен противник

Гранољерс за противник во прво коло уште кога сте во прв шешир, не звучи добро. Но, под површината можеби се кријат и добри работи.



Гранољерс ја пропушти Ковид сезоната во Европа, сега одново се враќа на сцената, но не изгледаат којзнае колку амбициозни. 
Четири играчи ја напуштија екипата, а меѓу нив се капитенот Марк Гарсија кој замина во пензија, потоа крилото Мамаду Гасама кој беше еден од најдобрите играчи, потоа главниот дефанзивец Борја Ланцина и голманот Пол Састре. 
Доведоа двајца нови. Голман од Бразил, тоа е Ранхел Луан и бекот Хуан Амиго. 

Тешко дека ќе препознаете некое од имињата што сега играат за (своевремено) славниот тим, со исклучок на Антонио Гарсија Робледо, ракометар кој пред да се пресели во романскиот ЧСМ, играше и за ПСЖ, Адемар Леон...

„Добивме звучен противник од познат ракометен центар во Шпанија. Голем дел од шпанските тренери минале низ овој клуб, имаат богата традиција и не се противник што е од редот на посакуваните. Но, од друга страна имаме звучен противник и поголем мотив да се надигруваме. Ќе ги имаме сите информации за нив, ќе скоцкаме екипа и ќе бидеме незгоден противник“, изјави тренерот на Т. Пролет, Андон Бошковски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk