Мице Шилегов, крилото на Металург, летово се сели во Охрид. Црногорецот Кривокапиќ го продолжи договорот.
Охрид го потврди трансферот на десното крило Мице Шилегов кој во редовите на охидскиот клуб доаѓа од Металург.
Шилегов заедно со Костов ќе формира тандем на десната крилна позиција, а новост од клубот е и продолжувањето на соработката со Филип Кривокапиќ. Црногорскиот централен бек минатата сезона се повреди, но за почетокот на новата сезона би требало да биде комплетно фит и да дава полн придонес за клубот.