Крај за најдобрите германски судии

Предвреме заврши кариерата на судиите што ги судеа шампионските финалиња на Вардар во Келн.


Ларс Гипел (46) и Маркус Хелбиг (49), двајцата најдобри германски судии објавија крај на судиската кариера. Маркус Хелбирг е сериозно болен и не се знае колку долго ќе треба да се лекува, а неговиот партнер (менаџер на голем регионален весник) со кого судеше цели 28 години, засега не планира да суди со друг судија. 

Хелбиг и Гипел заедно имаат над 600 натпревари во Бундес лигата  и над 250 меѓународни средби. Двапати судеа на ОИ, а интересно  двпати финале на Лигата на шампионите и тоа двапати кога шампион стануваше Вардар. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk