Котевски на кормилото на Јуниор Кисела Вода

Јуниор Кисела Вода го официјализираше тренерскиот трансфер. Заминува Ристо Магдинчев, доаѓа Игор Котевски.



Игор Котевски, официјално е новиот тренер на клубот Јуниор Кисела Вода. Трансферот беше најавен, денеска и официјализиран. 
Игор Котевски е добро познато ракометно име во Македонија. Неговиот последен ангажман, минатата година беше во Голден Арт КЛ7.

„Нашите амбиции се враќање во Супер лигата. Играчкиот ростер ќе биде од играчи што лани играа во Јуниор Кисела Вода и нови играчи. Тимот го склопуваме заедно со новиот тренер, ќе имаме екипа на играчи што ќе се бори со сите сили на сите натпревари“, изјави потпретседателот на клубот, Горан Станковиќ по постигнатиот договор со Котевски. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk