Денеска во РФМ со ждрепка беа одредени паровите за првото коло, следствено и за целото првентво во новата ракометна сезона.
ПРВО КОЛО:
Вардар - Скопје 2020
Радовиш - Струга
Охрид - Тиквеш
Е. Пелистер - Е. Пелистер 2
Бутел - Прилеп
Металург - Т. Пролет
Дерби на првото коло ќе биде дуелот Т. Пролет - Металург. Лани Пролет успеа да го изненади на старот, годинава Металург добива шанса за реванш. Како ќе изгледа сето тоа ќе видиме.
Големото дерби меѓу Вардар и Е. Пелистер ќе биде во чевртото коло, првата средба ќе се игра во Скопје. Две кола подоцна Вардар ќе биде домаќин и на Металург.
Супер лигата ќе има 12 екипи. Ќе одиграат по систем дома-гости, по што екипите од 1-6 одат во Плеј -оф, другите во Плеј аут.
Новитет е што најдобрите од регуларниот дел ќе пренесат бодови. На пример, во Плеј оф, најдобропласираниот од регуларниот дел ќе почне со 5 бода, второпласираниот со 4, третопласираниот со 3... Истото и во Плеј аут, седмопласираниот почнува со 5 бода, осмопласираниот со 4 ...