Jуниор КВ му се заблагодари на Магдинчев

Се разигра денеска тренерската вртелешка во македонските машки шампионати.



Прв на тренерскиот рингишпил денеска се качи Горан Андоновски, последен ангажман, нецела сезона тренер на Тиквеш, со задоволителни резултати со оглед на исполнетата цел во Кавадарци. Без формално објаснување, со доцнење зад медиумите со информацијата, сепак, беше потврдено дека Андоновски заминува. 

Неговото место неформално треба да го заземе Ристо Магдинчев, последен ангажман, тренер нецела сезона тренер на Јуниор Кисела Вода, со задоволитени резултати, но не и со неисполнета цел, Јуниор Кисела Вода не обезбеди опстанок, иако играше важна улога во шампионатот и особено во Плеј аут ја скрои конечната табела. 

Местото на Ристо Магдинчев во Јуниор КВ, пак треба да го заземе Игор Котевски, познат поранешен репрезентативец, нецела сезона тренер на Голден Арт КЛ7. 

Скопскиот клуб официјализираше дека ќе има промена на кормилото. 

„Сакавме да ја продолжиме соработката со Магдинчев, но тој не одби, не сакаше да го води клубот во Првата лига. Му благодариме за тоа што го одработи во Јуниор Кисела Вода и му посакуваме успех во натамошната кариера. 
Ние продолжуваме по нашиот пат, точно е дека сме во преговори за тренерската позиција со Игор Котевски, до утре би требало да биде постигнат финален договор“, изјави потпретседателот на Јуниор Кисела Вода, Горан Станковиќ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk