Ракометот на плажа би можел да се појави на Олимписките игри во Париз.
Количеството на упорност вложено од ИХФ за да го протурка во олимписките спортови ракометот на плажа некаде мораше да даде резултат.
Ракометот на плажа, а тоа е јасно нема да биде олимписки спорт. Ни во Париз, веројатно ниту во Лос Анџелес. И не е во прашање спортот, неговата убавина или атрактивност, туку причините се технички. Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) се труди да го намали бројот на спортисти и бројот на медали на ОИ.
Ракометот на плажа би донел над 200 нови спортисти и тоа за ИОК е премногу. И тука нема многу што да се направи, без оглед што ИХФ неофицијално се нудеше за ОИ Париз сами да го спонзорираат своето учество, дури и да не играат во Париз, туку покрај море.
Од сето тоа на крајот ќе излезе дека и обичниот ракомет место на терените на Ролан Гарос нема да се игра во Париз, туку стотици колометри подалеку.
Денеска, пак, стигна информација дека ракомет на плажа ќе има на ОИ Париз. Но не во натпреварувачкиот дел. Овој спорт треба да биде промотивен, да настапат најдобрите тимови и да демонстрираат пред светската публика како тоа излгеда.