Поранешниот македонски репрезентативец и дефанзивен специјалист, Горан Андоноски, ја заврши својата мисија во екипата на Тиквеш и по обезбедниот опасност се раздели со кавадарчаните.
Горан Андоноски и Тиквеш имаа среќен крај во Плеј аут шампионатот, но ќе изостане тоа „живееја среќно до крајот...“
Денеска се официјализираше нивната разделба, Горан Андоноски не е веќе тренер на кавадаречкиот тим. Си посакаа среќа и тргнуваат по различни патишта.
Кавадаречкиот тим е неофицијално веќе договорен со познато тренерско име. Ристо Магдинчев, минатата сезона се врати во тренерската приказна и имаше сосема солидни резултати со екипата на Јуниор Кисела Вода. Не успеаја во силната конкуренција да изборат опстанок, иако токму оваа екипа го креираше изгледот на врвот на табелата.
Промоцијата на Магдинчев би требало да биде следната недела, иако засега нема официјална потврда од клубот, а Магдинчев денеска не беше достапен за коментар.
Местото на Ристо Магдинчев во Јуниор Кисела Вода, пак, би требало да го заземе Игор Котевски, минатата сезона тренер на Голден Арт КЛ7.