Денеска доаѓа за наплата првата рата за нерешениот резултат со Фарски острови.
Во две рати ќе се плаќа сметката за промашените зицери на дуелот со Фарски острови и одиграното без победник.
Денеска стигнува за наплата првата - Холандија. Нивните претходнички во 2019 година на ЕХФ Еуро освоија сребрен медал.
Македонија мора против можеби најсилниот противник на турнирот да се бори за победа за верификување на финале. Не велиме дека немаме шанси, напротив. Холандија изгледаше убаво, но играше против Косово и БиХ, немаше тука за нив поголем предизвик освен голманот на БиХ.
Ќе ги видиме денеска како ќе играат против Македонија.
Со победа добиваме полуфинале, со пораз не губиме ништо. Во прв момент. Дури и да загубиме денеска, тоа мора да биде со што помала разлика. Секоја топка ќе биде важна затоа што пораз веројатно ќе значи и пребројување на гол-разлика против Ф. Острови.
Љубомир Савевски и неговиот избран тим треба многу да внимаваат, да играат активна одбрана и да внимаваат на нивните вкрстувања по кои лесно доаѓаат до шут. Катарина Моленар е нивниот главен играч, игра како лев и среден бек, а теба да се има на око и на Јалиша Лоу која е лев бек и влегува во игра од ротација.
Во одбраната покажаа знаци на слабост кога се играше еден на еден, но генерално немаа проблем со двата досегашни противници.