Две звучни имиња во Голден Арт

Екипата на Голден Арт, поголемиот акционерски сопственик од проектот Голден Арт КЛ7 истакна отворена амбиција за враќање во суперлигашкото друштво со ангажман на две познати имиња.




Голден Арт одигра два убави потези во пресрет на новата сезона во која ќе го менува делумно концептот што беше базиран исклучиво на млади играчи и сезонава на младите ќе им додаде и неколку искусни играши што ќе знаат да ја повлечат колата кога ќе почне да заглавува. Акцентот на младите, секако ќе остане. 

Доаѓаат Ивица Илиев и Златко Даскаловски. Две за македонски услови познати имиња, Даскаловски плус со меѓународно искуство. Двајцата ракометари со трансферот во Голден Арт влегуваат во фаза на трансформација на своите кариери, односно премин од играчка во тренерска фела. 

Ивица Илиев, лани ракометар на Радовиш што не можеше да се симне од врвот на листата на стрелци во клубот, сигурно ќе беше добредојден и во повеќе суперлигашки екипи, но преминот од играч во тренер што во следните (две) години ќе ја има во Голден Арт е долгорочно веројатно подоброто решение.
Златко Даскаловски, лани во Бутел го криеше голот од суперлигашките голгетери сега ќе има улога и на тренер на голмани, позиција што и покрај процентуално големиот број на тренери што минуваат низ модулите на здружението на ракометените тренери, реално на сцената кај нас е дефицитарна позиција. 

Севкупно заедно со тренерот Никола Матлиески ова се три потези што даваат насока за тоа како ќе изгледа клубот. Работата не им е завршена, но до почетокот на новата сезона има уште многу време.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk