Претседателот на клубот Голден Арт КЛ‘7, Сашко Даев, денеска јавно објави дека се разделуваат Голден Арт и КЛ7.
Ова беше најавено одамна, веќе имаме пишувано за тоа, но денеска беше официјализирано и презентирана информацијата на медиумите.
„Кога работите во една организација, а клубот е организација и тим, најголемиот проблем е недостаток на комуникација. Кога не комуницирате, не знаете што ќе биде и како ќе биде и ако има некој проблем, не го знаете и тој станува се поголем и поголем. Сето ова ние го дознавме пред крајот на декември, кога Кире Лазаров едноставно се откажа од овој проект.
Структурата на сопственост е таква Голден Арт како компанија да има 50%, јас како Рехау 12,5%, потоа директорот Милчо Чакаревски 12,5% и Кире Лазаров како носител на брендот имаше 25%, но во финансирањето на клубот учествувавме јас со мојата компанија и сопственици на Голден Арт, кои покриваа околу 80% од вкупниот буџет.
Што се случи со Лазаров, искрено не знам до ден денеска. Тој си замина без да каже зошто, едноставно ја прекина комуникацијата и се се заврши на начин на кој никој од нас не посакуваше. Можеби мислеше дека со тоа клубот ќе престане да постои, но ние сме премногу сериозни како луѓе и како бизнисмени за да дозволиме такво нешто.
Ние имаме обврска кон сите овие деца кои ги донесовме од други градови, им овозможивме беспрекорни услови за работа, но и за едукација во Скопје. Не можевме да кренеме раце, напротив, продолжуваме со еднаков ентузијазам како и досега и затоа сум убеден дека овој ракометен проект ќе продолжи уште долги години, се со единствена цела – младите македонски играчи да имаат шанса и идеални услови да работат и да напредуваат.
Во тек се разговори за менување на името, штом истите ќе бидат финиширани мислам дека новото име на клубот ќе гласи РК Голден Арт, но за тоа дополнително ќе бидете известени“, изјави