Уште една брза разделба за поранешниот вардаров ракометар.
Бразилскиот бек Жозе Толедо е на списокот на играчи што летово заминуваат од романската екипа Минаур Баја Маре. Дури осум ракометари си одат од овој клуб кој значително го зголеми буџетот во машкиот и женскиот тим (жените побараа и вајлд карта за ЛШ). Меѓу нив, освен Толедо се и екс репрезентативците Чобану и Рамба. Доаѓаат нови, грото се странци, а првото претставено засилување е Антон Терехов, украински голман.
Жозе Толедо (27), по четирите години минати во Висла, во 2019 дојде во Скопје. Како на крајот се покажа, подолго траека шпекулациите дали ќе дојде, отколку неговиот престој. Имаше индикации дека се работи за играч што не е фит со повреди, а тоа се жал се покажа со доаѓањето во Скопје.
Жозе Толедо, без сомнение одличен ракометар што токму поради шпекулациите за доаѓање во Вардар посебно го следевме цела сезона. За Бразил играше вонсериски, за Висла одллично, но повредите го спречија во Скопје да го покаже најдоброто. Во Вардар немаше време да се покаже и замина за Романија, во Баја Маре.
Една сезона подоцна и од Романија јавуваат дека заминува.