Мега чистка во Бешикташ

Некако бевме убедени дека Рамазан Доне доживотно ќе игра за Бешикташ. Денеска излезе дека сме се прелажале




Бешикташ одамна се движи по надолна линија, но дури летово клупската управа се реши да направи рез. И тоа не каков било, туку рез што од клубот ги избрка играчите по кој беше препознатлив минативе десетина години. Веројатно најкоренити промени во Европа летово. 

Од клубот си оди тренерот Муфит Арин, тренерот со кој имаат освоено 42 трофеи, тој е првата жртва на лошата сезона. Си заминува и Рамазан Доне (39), најглемата турска ракометна легенда, играч за кој некаков бевме убедени дека доживотно ќе игра за Бешикташ. 
Рамазан Доне си заминува по 15 години минати во клубот, а си одат и Танер Гунај, Мехмет Демирезен, Хишем Кабечи, Бурак Туран, Јосип Буљубашиќ и Онур Ерсин.

Со оглед на тоа дека лани заминаа и најпознатите странци, Бешикташ или ќе купи цела нова постава за да го задржи реномето или ќе замине по стапките на уште едно големо (фудбалско) име, Трабзон, и ќе го снема од сцената. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk