Годинава ќе се одржи 49 издание на турнирот во Струга. Пред јубилејното 50 издание на кое би можеле односно веројатно ќе видиме и екипи како Веспрем и Келце, останува да се одигра годинешниот на кој се уште не се знае дали ќе има странски екипи.
Струга, Вардар и Е. Пелистер го потврдија учеството на турнирот Струга 2021. Се очекува истото да го направи и Металург со што ќе биде заокружен квартет на екипи.
Годинава, најверојатно со шест тима, иако заинтересираноста за учество на турнирот е големо и од домашни и од странски екипи.
Дали ќе биде задржан меѓународниот карактер на турнирот или како и ланскиот ќе биде само со домашни екипи е отворено прашање.
Ковид ситуација е горливиот проблем, непредвиливо е како ќе изгледа ситуацијата во август, кога се во прашање гости од странство, па затоа е оставено како отворено прашањето.
Турнирот, инаку ќе се одржува во периодот 12/13 август, затоа што потоа почнуваат 1/4 финалните дуели од СЕХА лигата на кои ќе играат екипите на Вардар (ППД Загреб) и Е. Пелистер (Мешков Брест).