Митко Стоилов ја завршува кариерата

Денешниот дуел на Младост 1977 од сперлигашкиот Плеј аут е последниот во играчката кариера на Митко Стоилов. 



Митко Стоилов денеска ќе ја заврши играчката кариера и ќе продолжи својот клуб Младост 1977 да го води од клупата. 
Стоилов е најдобриот македонски производ што произведен во ракометниот Богданци, кариера во која уште од тинејџерски денови беше врбуван ог поголемите клубови како голем талент, репрезентативец што како кадет играше во јуниорскиот тим рамо до рамо со Лазаров, Мојсоски, Темелков, за потоа со своите врсници Миркуловски, Кузманоски, Арнаудов ... да стигне до полуфинале на јуниорско ЕП. Потоа продолжи со години беше незоставен дел од сениорскиот тим. 
Тандемот што особено во Металург го формираше со Велко Маркоски ќе остане запаметен и запишан како еден од најдобрите дефанзивни тандеми што Македонија некогаш ги имала. 
На клупски план покрај Младост играше за Загреб, за Вардар, за Металург, Пролет, Работнички, во меѓувреме беше и во Романија, во Одорхеи... 

Проблематичните колена, возраста... конечно го принудија да ја донесе најтешката одлука. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk